Нов Завет

Марко 13:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А кога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: „Учителе, гледај какви камења и какви градби!“

2. Исус, пак, му одговори и рече: „Ги гледаш ли овие големи градби? Ниту ка­мен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат!“

3. А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Пе­тар, Јаков, Јован и Андреј:

4. „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се сврши сето тоа?“

5. Исус, одговарајќи им почна да збо­рува: „Чувајте се да не ве прелаже не­кој!

6. Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.

Прочитајте целосна глава Марко 13