Нов Завет

Марко 1:5-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. И доаѓаа кај него од целата Јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крш­те­ваа од него во реката Јордан, ис­по­ведувајќи ги своите гревови.

6. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.

7. Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.

8. Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крс­ти со Дух Свети.“

9. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан.

10. И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него.

11. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“

12. Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.

13. И беше таму, во пустината, чети­ри­есет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.

14. А потоа, откако Јован беше пре­да­ден, дојде Исус во Галилеја и го про­по­ведаше Евангелието за царството Божјо,

15. и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“

16. И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус го виде Симон и брат му Ан­дреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.

17. Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“

18. И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

Прочитајте целосна глава Марко 1