Нов Завет

Марко 1:12-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.

13. И беше таму, во пустината, чети­ри­есет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.

14. А потоа, откако Јован беше пре­да­ден, дојде Исус во Галилеја и го про­по­ведаше Евангелието за царството Божјо,

15. и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“

16. И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус го виде Симон и брат му Ан­дреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.

17. Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“

18. И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

19. Па, штом одмина малку, го виде Ја­ков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите;

20. веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.

21. И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.

22. И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.

23. Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика,

24. говорејќи: „Што имаш Ти со нас, Исусе од На­зарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“

25. Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“

26. Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него.

Прочитајте целосна глава Марко 1