Нов Завет

Лука 5:36-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

36. Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа отсечена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа.

37. И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а мевовите ќе се упропастат;

38. туку, ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се зачуваат и обете.

39. И никој, откако пиел старо вино, нема веднаш да побара ново; зашто вели: ‚Старото е подобро.‘“

Прочитајте целосна глава Лука 5