Нов Завет

Лука 5:34-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. Тој им рече: „Зар можете да ги натерате сватовите да постат, додека е со нив младоженецот?

35. Но ќе дојдат дни кога ќе се оддели од нив младоженецот и тогаш во тие дни, ќе постат.“

36. Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа отсечена од нова облека; зашто и новата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа.

Прочитајте целосна глава Лука 5