Нов Завет

Лука 5:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Тој стоеше покрај Генисаретското езеро.

2. И виде два кораба што стоеја покрај езерото; а рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите.

3. Тој влезе во еден од корабите, кој беше на Симон, па го замоли да отплови малку од брегот, па седна и почна да го поучува народот од коработ.

Прочитајте целосна глава Лука 5