Нов Завет

Лука 4:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.

16. И дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, и стана да чита.

17. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Тој, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано:

Прочитајте целосна глава Лука 4