Нов Завет

Лука 22:51-54 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

51. А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото негово и го исцели.

52. А на првосвештениците и храмовните управници и на старешините, што беа дошле против Него, Исус им рече: „Како на разбојник ли сте излегле со мечеви и стапови за да Ме фатите?

53. Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на темнината.“

54. И кога Го фатија, Го поведоа и воведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него.

Прочитајте целосна глава Лука 22