Нов Завет

Лука 22:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесетмината со него.

15. И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас, пред да пострадам;

16. зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“

17. И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу себе,

Прочитајте целосна глава Лука 22