1. Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха;
2. а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот.
3. И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариотски, кој беше вброен меѓу Дванаесетмината.
4. И кога отиде, се договори со првосвештениците и началниците, како да им Го предаде.
5. Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници.
6. Тој вети и бараше погодно време, да им Го предаде без присуство на народот.
7. Дојде денот Бесквасници, кога требаше да се заколе пасхалното јагне;