Нов Завет

Лука 20:40-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

40. И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат. А тој им рече:

41. „Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?

42. Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,

43. додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!‘

44. Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“

45. И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои:

46. „Чувајте се од книжниците што милуваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите;

47. што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“

Прочитајте целосна глава Лука 20