Нов Завет

Лука 20:34-45 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој свет се женат и мажат;

35. но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат;

36. всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.

37. А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.

38. А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“

39. А некои од книжниците одговорија и рекоа: „Учителе, добро рече!“

40. И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат. А тој им рече:

41. „Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?

42. Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,

43. додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!‘

44. Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“

45. И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои:

Прочитајте целосна глава Лука 20