Нов Завет

Лука 15:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Се приближуваа кон Него сите цариници и грешници за да Го слушаат.

2. А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.“

3. Но Тој им ја кажа оваа парабола и рече:

4. „Кој од вас, ако има сто овци, и ако загуби само една од нив, нема да ги остави деведесет и деветте во пустината и нема да оди да ја бара загубената, сѐ додека не ја најде?

5. А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;

Прочитајте целосна глава Лука 15