Нов Завет

Лука 12:22-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. И им рече на учениците Свои: „Затоа ви велам: не грижете се за душата своја што ќе јадете, ниту за телото свое што ќе облечете.

23. Зашто душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката.

24. Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?

25. А кој од вас, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст?

Прочитајте целосна глава Лука 12