Нов Завет

Лука 11:43-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

43. Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!

44. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гробови, преку кои луѓето одат, а не ги знаат.“

45. Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“

46. Но Тој рече: „Тешко вам, законици, што ги товарите луѓето со товари што не можат да ги поднесат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари.

47. Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци;

48. Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, бидејќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници.

49. Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат‘;

50. за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;

51. од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.

52. Тешко вам, законици, зашто го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да влезат им попречивте.“

53. А кога го зборуваше тоа, книжниците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни прашања;

Прочитајте целосна глава Лука 11