Нов Завет

Лука 11:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“

2. А Тој им рече: „Кога се молите, говорете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата,

Прочитајте целосна глава Лука 11