Нов Завет

Колосјаните 4:7-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Што се однесува до мене, сѐ ќе ви со­општи Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ,

8. кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,

9. заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви рас­ка­жат сѐ што станува овде.

10. Ве поздравува Аристарх, кој е зат­ворен со мене, и Марко, внукот на Вар­нава – за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го.

11. Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха.

12. Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исус Христос, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја.

13. Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Јерапол.

14. Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас.

15. Поздравете ги браќата во Лаоди­ки­ја, и Нимфана, и неговата домашна црк­ва!

16. Откако ова послание ќе биде про­чи­тано кај вас, потрудете се да биде про­читано и во лаодикиската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие.

17. Кажете му на Архип: „Гледај ја службата, што си ја примил во Господ да ја извршуваш!“

18. Своерачен поздрав од мене, Павле. Пом­нете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин!

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4