Нов Завет

Колосјаните 4:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Вие, господари, бидете справедливи спрема слугите свои и давајте им го она што е правично, зашто знаете дека и вие имате Господар на небесата!

2. Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!

3. Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,

4. та да ја откријам, како што треба да зборувам!

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4