Нов Завет

Колосјаните 3:14-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. А над сето тоа облечете се во љубов, која сѐ сврзува во совршенството,

15. и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!

16. Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!

17. И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господа Исуса Христа, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!

Прочитајте целосна глава Колосјаните 3