Нов Завет

Јован 8:40-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

40. А сега сакате да Ме убиете, Мене, Човекот Кој ви ја кажа вистината што ја чу од Бога. Авраам така не правеше.

41. Вие ги вршите делата на својот татко.“ А тие Му рекоа: „Ние не сме родени од блудство; еден Отец имаме – Бог.“

42. Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Отец, тогаш ќе Ме сакавте Мене, бидејќи Јас сум излегол и доаѓам од Бога. Зашто не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати.

43. Зошто не ги разбирате Моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате поуките Мои.

Прочитајте целосна глава Јован 8