Нов Завет

Јован 13:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“

8. Петар Му рече: „Никогаш Ти нема да ми ги миеш нозете!“ Исус му одговори: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене!“

9. Симон Петар Му рече: „Господи, тогаш не само нозете мои, туку и рацете и главата!“

10. Исус му одговори: „На измиениот треба само нозете да му се измијат, зашто целиот е чист, а вие сте чисти, но не сите.“

Прочитајте целосна глава Јован 13