Нов Завет

Јован 13:26-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

26. Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го подадам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариотски.

27. И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе правиш, прави побргу!“

28. А никој од оние што седеа на трпезата не разбраа зошто му го рече тоа.

29. Но, бидејќи Јуда го чуваше ковчежето, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите.

30. А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ.

31. Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него.

32. Ако Бог се прослави во Него, и Него Бог ќе Го прослави во Себе, и наскоро ќе Го прослави.

33. Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Јудејците дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете, и вам ви велам сега.

Прочитајте целосна глава Јован 13