Нов Завет

Јован 12:11-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исуса.

12. На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим,

13. зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и извикуваа, велејќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“

14. А Исус, откако најде едно магаре, седна на него, како што е напишано:

15. „Не плаши се, ќерко, Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на магаре.“

16. Но ова учениците Негови не го разбраа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него и дека Му го направија тоа.

17. Народот, што беше со Него кога Тој го извика Лазар од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше.

18. Затоа и Го пречека народот, зашто беше чул дека тоа чудо го направи Тој.

19. А фарисеите си велеа меѓу себе: „Гледате ли дека ништо не помага? Ете, светот тргна по Него!“

20. Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини.

Прочитајте целосна глава Јован 12