Нов Завет

Јаков 5:10-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. Браќа, како пример на страдања и долготрпенија земете ги пророците што зборуваа во името Господово.

11. Ете, блажени се оние што истрајаа. Сте чуле за трпението на Јов и узнавте каков крај му даде Господ, затоа што Господ е многумилостив и се смилува на него.

12. А пред сѐ, браќа мои, не колнете се ни во небото, ни во земјата, ниту пак со некоја друга заклетва. И зборот нека ви биде да – да и не – не, за да не паднете под суд!

13. А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фали Господа!

14. Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово.

15. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и грево­ви, ако направил, ќе му се простат.

Прочитајте целосна глава Јаков 5