Нов Завет

Галатјаните 6:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани.

2. Поднесувајте го товарот еден на друг и исполнувајте го така законот Христов.

3. Зашто оној, кој сам себе се смета за нешто, а не е ништо, тој се мами самиот себе.

4. Секој нека си ги испита делата свои и тогаш ќе има пофалба пред себе са­ми­от, а не пред друг.

5. Зашто секој ќе го понесе својот товар.

6. А оној што се учи на словото, нека му дава дел од секое добро на оној што го учи.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 6