Нов Завет

Галатјаните 3:24-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. И така, Законот беше за нас вос­пи­тувач да нѐ доведе до Христос, за да бидеме оправдани преку верата;

25. а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.

26. Зашто сите сте синови Божји преку верата во Христос Исус;

27. сите, што сте крстени во Христа, во Христа се облековте.

28. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машко – женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус.

29. А, ако сте, пак, вие Христови, то­гаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 3