Нов Завет

Галатјаните 1:8-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Но ако и ние самите, или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротив­но од она што ви благовестевме ние, нека биде проклет!

9. Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте – нека биде проклет!

10. Во луѓето ли сега барам благонак­лонетост, или во Бога? Или, пак, на лу­ѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.

11. Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе,

12. зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос.

13. Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата црква и ја ра­зо­рував;

14. и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија.

15. Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Сво­јата благодат, благоволи

16. во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незна­бошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта,

17. ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 1