Нов Завет

Филипјаните 2:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметај­те се еден друг за погорен од себеси!

4. Не грижете се секој само за себе, ту­ку и за другите!

5. Бидејќи вие треба да ги имате ис­тите мисли, што ги има Исус Христос,

6. Кој, иако беше во Божји лик, не сме­таше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;

7. но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по из­глед се покажа како човек;

8. Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.

9. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име,

10. та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно,

11. и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 2