2. исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и едномислени;
3. не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметајте се еден друг за погорен од себеси!
4. Не грижете се секој само за себе, туку и за другите!
5. Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос,
6. Кој, иако беше во Божји лик, не сметаше дека треба да го искористи тоа што е еднаков со Бога;
7. но Сам Себе се понизи, земајќи лик на слуга се изедначи со луѓето и по изглед се покажа како човек;
8. Сам Себе се понизи, послушен сѐ до самата смрт, смрт на крст.
9. Па затоа и Бог Го превозвиши и Му даде име што е над секое име,
10. та во името на Исус да се поклони секое колено на сѐ што е небесно, земно и подземно,
11. и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бог Отецот.
12. Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение,
13. зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја.
14. Правете сѐ без мрморење и двоумење,
15. за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот,
16. држејќи се за словото на животот, за моја гордост во денот Христов, дека не трчав напразно и не се трудев напразно.