Нов Завет

Филипјаните 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите:

2. благодат и мир вам од Бога, Отецот наш и од Господ Исус Христос!

3. Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас,

4. – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас –

5. заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега,

6. уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1