Нов Завет

Филипјаните 1:1-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите:

2. благодат и мир вам од Бога, Отецот наш и од Господ Исус Христос!

3. Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас,

4. – во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас –

5. заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега,

6. уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.

7. И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.

8. Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос.

9. И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познание­то и разбирањето на сѐ,

10. за да можете да го распознавате нај­доброто, та да бидете чисти и беспре­кор­ни во денот на Христос,

11. полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и по­фалба на Бога.

12. Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието,

13. така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христа;

14. и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо.

15. Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос:

16. едни Го проповедаат Христа од желба да се препираат, неискрено, мислејќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.

17. А другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.

18. Но, што од тоа? Како и да е, било дволично или искрено, Христос се про­поведа; затоа се радувам и ќе се радувам.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1