12. ниту со крв козја и телешка, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.
13. Зашто, ако крвта на јунче и јарец, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,
14. тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себе на Бога непорочен, ќе ја очисти совеста наша од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог.
15. Затоа е Тој посредник на новиот завет, та по Неговата смрт, што стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, призваните да го добијат ветеното вечно наследство.
16. Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,
17. бидејќи заветот добива сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.
18. Поради тоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
19. Зашто Мојсеј, откако ги прочита сите заповеди од Законот пред сиот народ, зеде крв телешка и јарешка со вода, и со црвена волна и со исоп ја пороси како самата книга, така и сиот народ,
20. велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“
21. Исто така со крв ги попрска и светилиштето и сите садови за служење на Бога.
22. И речиси сѐ според Законот со крв се очистуваше, и без пролевање крв нема проштевање.
23. И така, образите небесни требаше да се очистат на таков начин, а самото небесно со подобри жртви од овие.
24. Зашто Христос не влезе во ракотворено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;
25. и не да се принесува Себе како жртва повеќепати, како што првосвештеникот влегува во светилиштето секоја година со туѓа крв.
26. Инаку Тој би требало многупати да пострада од созданието на светот. А сега еднаш засекогаш, до крајот на вековите, се јави за да го однесе гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва.
27. И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,