Нов Завет

Евреите 2:7-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Си го направил за кратко малку по­долен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;

8. сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му ос­тави непотчинето; но сега уште не гле­даме дека сѐ му е потчинето.

9. А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.

10. Зашто Му прилегаше на Оној, по­ради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во сла­ва, преку страдања да го усоврши За­четникот на нивното спасение.

11. Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12. „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“

13. И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“

14. А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;

15. па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.

Прочитајте целосна глава Евреите 2