поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

Евреите 2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Нашето спасение

1. Затоа треба да бидеме нарочно вни­ма­телни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако.

2. Зашто, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна,

3. како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,

4. кога и Бог им го потврди сведош­тво­то со знаци и чудеса, со разни силни де­ла и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.

Предводникот на нашето спасение

5. Зашто Бог не им ја потчини на ан­ге­лите идната вселена за која зборуваме,

6. туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?

7. Си го направил за кратко малку по­долен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;

8. сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му ос­тави непотчинето; но сега уште не гле­даме дека сѐ му е потчинето.

9. А гледаме дека Исус Христос, Кој за кратко време беше поставен пониско од ангелите, поради претрпената смрт беше овенчан со слава и чест, та, по Божјата благодат, Тој да вкуси смрт за сите.

10. Зашто Му прилегаше на Оној, по­ради Кого е сѐ и од Кого е сѐ, при донесувањето на многубројните чеда во сла­ва, преку страдања да го усоврши За­четникот на нивното спасение.

11. Бидејќи и Оној што осветува, и оние што се осветуваат, сите се од Еден; и за­тоа Исус не се срамува да ги нарече браќа, велејќи:

12. „Ќе го возвестам името Твое меѓу браќата Мои, среде собранието ќе Те славам.“

13. И пак: „Јас ќе се надевам на Него.“ И одново: „Ете Ме Мене и децата Мои што Ми ги даде Бог.“

14. А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот;

15. па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство.

16. Зашто јасно е дека Тој не дојде да им помогне на ангелите, туку на Авра­амовите потомци;

17. затоа Тој мораше во сѐ да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот.

18. Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне.