1. Затоа треба да бидеме нарочно внимателни кон она што го чувме за да не отпаднеме некако.
2. Зашто, ако реченото слово преку ангелите се покажа верно, и ако секој престап и секоја непослушност прими праведна казна,
3. како ли тогаш ќе се извлечеме ако занемариме такво големо спасение кое, најнапред проповедано од Господа, се потврди од оние што го беа чуле од Него,
4. кога и Бог им го потврди сведоштвото со знаци и чудеса, со разни силни дела и со раздавање дарови преку Светиот Дух по Негова волја.
5. Зашто Бог не им ја потчини на ангелите идната вселена за која зборуваме,
6. туку, напротив – некој посведочил зборувајќи: „Што е човекот да мислиш на него, синот човечки, та да се грижиш за него?
7. Си го направил за кратко малку подолен од ангелите, но со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце;
8. сѐ си потчинил под нозете негови.“ А кога сѐ му потчини, ништо не му остави непотчинето; но сега уште не гледаме дека сѐ му е потчинето.