Нов Завет

Ефесјаните 6:3-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. „За да ти биде добро, и да живееш долго на земјата.“

4. И вие, татковците, не дразнете ги де­цата свои, туку подигнувајте ги во воспитанието и науката на Господ.

5. Вие, слуги, бидете послушни кон ва­шите земни господари со страв и тре­пет, во простота на срцето, како кон Христос,

6. не работете само за пред очи, како оние што сакаат да им се умилкуваат на луѓето, туку како Христови слуги, из­вр­шувајќи ја волјата Божја од срце,

7. драговолно служејќи, како да Му служите на Господ, а не на луѓе,

8. знаејќи дека секој, па било тоа роб или слободен, ќе добие од Господ спо­ред доброто, што го направил.

9. А и вие, господарите, исто така, од­несувајте се кон нив и бидете умерени во строгоста своја, знаејќи дека и над вас самите и над нив има на небесата Господар, во Кого нема лицемерност!

10. Браќа, засилувајте се во Господ и во силата на Неговата моќ!

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6