Нов Завет

Ефесјаните 4:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас.

7. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

8. Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“

9. А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10. Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

11. И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4