Нов Завет

Ефесјаните 4:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,

2. со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов,

3. трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.

4. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на ва­ше­то звање.

5. Еден Господ, една вера и едно крш­тение,

6. еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас.

7. А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4