Нов Завет

Дела 5:2-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.

3. Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?

4. Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“

5. Кога ги слушна Ананија тие збо­ро­ви, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.

6. Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.

7. А кога поминаа околу три часа, вле­зе и жената негова, не знаејќи што се случило.

8. И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“

9. Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“

10. И таа веднаш падна пред нозете не­гови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја пог­ребаа до нејзиниот маж.

11. И голем страв ја обзеде целата Црк­ва и сите оние што го слушнаа тоа.

12. Преку рацете на апостолите се по­јавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов.

13. Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.

14. И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мнош­тво од мажи и жени,

15. така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сен­ката негова да осени некого од нив.

Прочитајте целосна глава Дела 5