Нов Завет

Дела 5:18-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. и ги кренаа рацете свои на апосто­ли­те и ги ставија во јавниот затвор.

19. Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:

20. „Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“

21. Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и него­вите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија во зат­ворот луѓе да ги доведат апостолите.

22. Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,

23. велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред портата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“

24. Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и првосвеш­те­ни­ците збунети размислуваа што би тре­ба­ло да значи тоа.

25. Но некој дојде, ги извести и им ре­че: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“

26. Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со ка­мења да не ги убијат нив самите.

27. А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече:

28. „Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“

29. А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.

30. Бог на татковците наши Го воскресна Исуса, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст.

31. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гре­вовите на Израил.

Прочитајте целосна глава Дела 5