Нов Завет

Дела 5:12-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Преку рацете на апостолите се по­јавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов.

13. Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше.

14. И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мнош­тво од мажи и жени,

15. така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сен­ката негова да осени некого од нив.

16. А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи бол­ни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.

17. Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист,

18. и ги кренаа рацете свои на апосто­ли­те и ги ставија во јавниот затвор.

19. Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече:

20. „Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“

21. Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и него­вите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израилевите синови и пратија во зат­ворот луѓе да ги доведат апостолите.

22. Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија,

23. велејќи: „Затворот го најдовме заклучен како што треба и стражата стоеше надвор пред портата. А кога отворивме, внатре никого не најдовме.“

24. Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и првосвеш­те­ни­ците збунети размислуваа што би тре­ба­ло да значи тоа.

Прочитајте целосна глава Дела 5