1. А еден човек, по име Ананија, заедно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата
2. и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.
3. Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?
4. Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“
5. Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.
6. Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.
7. А кога поминаа околу три часа, влезе и жената негова, не знаејќи што се случило.