Нов Завет

Дела 5:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А еден човек, по име Ананија, за­ед­но со својата жена Сапфира, ја продаде нивата

2. и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите.

3. Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата?

4. Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“

5. Кога ги слушна Ананија тие збо­ро­ви, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.

6. Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа.

Прочитајте целосна глава Дела 5