Нов Завет

Дела 4:21-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.

22. Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од че­тириесет години.

23. И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините.

24. А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив;

25. и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓе­то намислуваат празни работи?

26. Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господа и против Неговиот Помазаник‘.

27. И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израилски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти,

28. за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне.

29. И сега, Господи, погледај на нив­ни­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово,

30. полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“

31. И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.

32. А народот, што поверува, имаше едно срце и една душа: и никој ништо од својот имот не го нарекуваше свое, туку сѐ им беше заедничко.

33. Апостолите, пак, со голема сила сведочеа за воскресението на Господа Исуса Христа; и имаше голема благодат над сите нив.

34. Не постоеше ниеден меѓу нив што имаше потреба за нешто, бидејќи оние што имаа ниви и куќи, ги продаваа и па­рите земени за нив ги донесуваа

35. и ги оставаа пред нозете на апостолите: и секому му се даваше според не­говите потреби.

36. Така Јосиф, наречен од апостолите Варнава, што значи син на утехата, ле­вит, родум од Кипар,

37. кој имаше нива, ја продаде, ги до­не­се парите и ги положи пред нозете на апостолите.

Прочитајте целосна глава Дела 4