Нов Завет

Дела 4:14-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Но, гледајќи го излечениот човек како стои со нив, тие немаа што да им возвратат.

15. Затоа им заповедаа да излезат надвор од Синедрионот, па почнаа да се со­ветуваат и да се прашуваат еден со друг,

16. велејќи: „Што да правиме со овие луѓе? Зашто и големото чудо што се случи преку нив познато им е на сите што живеат во Ерусалим, и ние не мо­жеме тоа да го одречеме.

17. Но за да не се разгласува ова по на­родот уште повеќе, строго да ги зап­ла­шиме да не зборуваат повеќе никому во Негово име.“

18. И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус.

19. Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе от­колку Бог;

20. зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“

21. А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило.

22. Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од че­тириесет години.

23. И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините.

24. А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив;

25. и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и луѓе­то намислуваат празни работи?

26. Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господа и против Неговиот Помазаник‘.

27. И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израилски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти,

28. за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне.

29. И сега, Господи, погледај на нив­ни­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово,

30. полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“

31. И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо.

Прочитајте целосна глава Дела 4