Нов Завет

Дела 27:33-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

33. И пред да осамне, Павле ги покани сите да каснат, велејќи: „Денес е чети­ринаесетти ден, откако во исчекување стоите гладни, не вкусувајќи ништо.

34. Затоа, ве молам, каснете: тоа ќе ви го спаси животот. Впрочем, на ниеден од вас нема да му падне ни влакно од главата.“

35. Штом го рече тоа, зеде леб, Му бла­годари на Бога пред сите, прекрши и почна да јаде.

36. Тогаш се ободрија сите и зедоа храна;

37. а во коработ нѐ имаше вкупно двес­те седумдесет и шест души.

38. И кога се поткрепија, почнаа да го олеснуваат коработ, исфрлувајќи го житото в море.

39. Штом се раздени, земјата не ја познаа, но забележаа еден залив со песок, на кој решија, ако им појде од рака, да го извлечат коработ.

40. И дигајќи ги котвите, се заплови по морето; а покрај другото ги разлабавија и врските на кормилата, го развија ма­ло­то едро спрема ветрецот што дуваше, та пловеа кон брегот.

41. Но удирајќи на еден гребен, прамецот на коработ се заби и веќе не се по­мр­дна, а задниот дел од коработ се разбиваше од силата на брановите,

42. Војниците, пак, помислија да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне.

43. Но стотникот, сакајќи да го спаси Павле, ги одврати од таа намера и запо­веда најнапред да скокнат и да излезат на земја оние, што знаат да пливаат,

44. а другите – кој на штица, кој на штогоде од коработ. И така излегоа сите живи и здрави на земја.

Прочитајте целосна глава Дела 27