Нов Завет

Дела 24:3-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. „Секогаш и насекаде со голема бла­годарност признаваме дека преку тебе, многупочитуван Феликсе, кај нас има полн мир, а преку грижите твои – на овој народ му се дели вистинска правда.

4. Но, за да не ти одземеме многу вре­ме, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата кротост.

5. Утврдивме дека овој човек е чума и дека крева бунтови против сите Јудејци по вселената и дека е предводник на назарејската ерес.

6. Тој се обиде дури и храмот да го ос­кверни. Затоа ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон;

7. но заповедникот Лисиј дојде и со голема сила го истргна од рацете наши, и го испрати кај тебе,

8. откако заповеда и ние, неговите об­винители, да дојдеме кај тебе. Ти ќе мо­жеш сам да го испиташ и од него да доз­на­еш за што го обвинуваме ние.“

9. И Јудејците потврдуваа дека е така.

10. Намесникот му даде знак на Павле да зборува, а тој одговори: „Бидејќи знам дека од пред многу години си му судија на овој народ, со послободно срце ќе зборувам во моја одбрана.

11. Ти можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена откако се ис­качив во Ерусалим на поклонение.

12. Но не ме најдоа ниту во храмот не­кому да зборувам, или бунт да кревам меѓу народот, ни по синагогите, ниту, пак, во градот.

13. Ниту, пак, тие можат да го докажат она што сега ти зборуваат за мене.

Прочитајте целосна глава Дела 24