25. И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.
26. Затоа во денешниов ден ви сведочам дека сум чист од крвта на сите,
27. бидејќи не пропуштив да ви ја соопштам во целост волјата Божја.
28. Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.
29. Бидејќи знам дека по моето заминување ќе се втурнат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото;
30. а и од вас самите ќе произлезат луѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе.
31. Затоа бидете будни и помнете дека цели три години дење и ноќе не престанував со солзи да поучувам секого од вас.
32. А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат; Тој може да ве унапреди подобро и да ви даде наследство меѓу сите посветени.
33. Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека;
34. сами знаете дека за потребите мои и на оние што беа со мене, ми послужија овие мои раце.
35. Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, а исто така и да ги помните зборовите на Господ Исус, зашто Тој Сам рече: ‚Поблажено е да се дава, отколку да се прими.‘“
36. Кога го рече тоа клекна на колена и заедно со сите се молеше.
37. Тогаш сите плачеа многу и гушкајќи го Павле околу вратот, го целиваа,