Нов Завет

Дела 20:16-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Во тоа време Павле реши да по­ми­не покрај Ефес, та да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница.

17. Но од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини.

18. И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дојдов во Азија, го минував времето со вас,

19. служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во иску­ше­нија, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците;

20. дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам на јавни места и по куќите,

21. сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.

22. И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи на што ќе наидам таму,

23. освен за она, кое Духот Свети го посведочи по сите градови, велејќи дека ме чекаат окови и маки.

24. Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот, доволно е само да стигнам до крајот на патот и служ­ба­та што ја примив од Господ Исус, да го посведочам Евангелието на Божјата благодат.

25. И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите лицето мое сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо.

26. Затоа во денешниов ден ви све­дочам дека сум чист од крвта на сите,

Прочитајте целосна глава Дела 20