Нов Завет

Дела 20:12-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.

13. Ние отидовме порано со кораб и от­пловивме во Асос, од каде што имав­ме намера да го земеме Павле, зашто са­ка­ше таму да патува пеш. Така ни бе­ше порачал.

14. Кога се сретна со нас во Асос, го зе­довме во коработ и дојдовме во Мити­лина.

15. А кога отпловивме оттаму, на вториот ден застанавме спроти Хиос, а следниот ден стигнавме во Самос и, откако престојувавме во Трогилија, на вториот ден дојдовме во Милит.

16. Во тоа време Павле реши да по­ми­не покрај Ефес, та да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше да биде во Ерусалим на денот на Педесетница.

17. Но од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини.

18. И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дојдов во Азија, го минував времето со вас,

19. служејќи Му на Господ со голема понизност и многу солзи, во иску­ше­нија, што ми се случуваа заради лошите замисли на Јудејците;

20. дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам на јавни места и по куќите,

21. сведочејќи им сериозно и на Јудејците и на Елините за покајание пред Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос.

Прочитајте целосна глава Дела 20